На 09 септември, со почеток од 20:00 ја отвораме втората сезона од 2025 година со концертот „Музичка поезија“. Оваа вечер ја посветуваме на силата на музиката да зборува како поезија, тивко, нежно, но со длабока емоција.

Публиката ќе има ретка можност да ужива во настапот на младиот и талентиран виолинист Леонардо Димоски, под диригентска палка на маестро Горјан Стојановски, кој со својот уметнички пристап ќе ја води вечерта.

Програмата е внимателно избрана за да ја покаже убавината и различните лица на класичната музика:

– Ernest Chausson: Poème

– Pietro Mascagni: Intermezzo no. 7 (Cavalleria Rusticana)

– Edward Elgar: Serenade for Strings in e-minor

– Gustav Holst: St. Paul’s Suite

Овој концерт е симболичен почеток на ново музичко патување – вториот дел од сезоната, исполнет со страст, инспирација и посветеност кон публиката.

Ве покануваме да бидете дел од оваа вечер и заедно да ја почувствуваме магијата на „Музичка поезија“.

09.09.2025, 20:00
Офицерски Дом, Битола
Влез Слободен

Категорија: