Врз основа на член 76-ж, член 77-а став (1) и став (2), член 77-б, член 77-в, член 77-г и член 77-д од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 265/24 и 132/25), член 22 и член 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25, 74/25 и 124/25), член 20-г став (1) од Законот за вработените во јавниот сектор, одредбите од Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работното место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавниот сектор, Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас и пријавата за вработување во зависност од категоријата и нивото на работното место за кое се објавува јавниот оглас во Националната установа „Камерен оркестар на Битола“ – Битола бр. 02-3/5 од 26.01.2024 година, Одлуката за објавување на јавен оглас за вработување бр. 3/2026, арх. бр. 04-102/1 од 14.08.2026 година, Известувањата од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства бр. 19-41518/2 од 10.06.2026 година и бр. 19-5434/2 од 27.07.2026 година, согласно Правилникот за систематизација на работните места во Националната установа „Камерен оркестар на Битола“ – Битола, В.д. директорот на Националната установа „Камерен оркестар на Битола“ – Битола објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување
Бр. 03/2026

Националната установа „Камерен оркестар на Битола“ – Битола има потреба од вработување на две (2) лица на неопределено време, за следните работни места:

1. БИЛЕТОПРОДАВАЧ, шифра: КУЛ 04 01 Б01 002, помошно-техничко лице, категорија Б, подгрупа 1 – одржување на објектите, ниво Б01, еден (1) извршител, на неопределено време, со основна нето плата во износ од 36.467,00 денари.

Посебни услови:

  • најмалку завршено средно четиригодишно образование, односно тригодишно средно образование;
  • работно искуство: не е потребно.

2. ДРУГ СЦЕНСКИ РАБОТНИК, шифра: КУЛ 04 01 А03 007, помошно-техничко лице, категорија А, подгрупа 1 – одржување на опремата, ниво А03, еден (1) извршител, на неопределено време, со основна нето плата во износ од 42.380,00 денари.

Посебни услови:

  • најмалку завршено основно образование;
  • работно искуство: не е потребно.

Општи услови:

Кандидатот за вработување треба да ги исполнува следните општи услови:

  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена способност за работното место;
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
  • да е државјанин на Република Северна Македонија.

Работното време се организира согласно потребите на работниот процес, во рамките на полното работно време од 40 часа неделно.

Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава и приложување на докази за исполнување на условите за работното место.

Пријавата за вработување кандидатите можат да ја преземат од веб-страницата www.chamberorchestrabitola.com.

Пријавата кандидатите се должни да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.

Со пријавата кандидатите треба да ги достават следните документи:

  • доказ за завршено образование;
  • уверение за државјанство;
  • лекарско уверение за општа здравствена способност, не постаро од шест месеци;
  • уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност, не постаро од шест месеци.

Кандидатите се должни доказите за исполнување на условите утврдени со јавниот оглас да ги достават во оригинал или во копија заверена на нотар.

Пополнетите пријави заедно со прилозите кандидатите можат да ги достават во канцеларијата на НУ „Камерен оркестар на Битола“ – Битола, сместена во просториите на НУ Центар за култура – Битола, во период од 09:00 до 15:00 часот, или по пошта на адреса: Национална установа „Камерен оркестар на Битола“ – Битола, ул. „Широк Сокак“ бб, 7000 Битола , со назнака „За Јавен оглас бр. 03/2026“. Лице за контакт: Љупчо Милевски, тел. 078/283-806.

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневните весници.

Изборот на кандидатите ќе се изврши во рокот утврден со член 23 од Законот за работните односи.

Постапката за селекција за вработување се состои од административна селекција за проверка на веродостојноста на доставените податоци и доказите доставени на јавниот оглас и интервју.

Кандидатите кои успешно ја поминале административната селекција имаат право да продолжат на интервју.

Кандидатите кои доставиле лажни податоци ќе бидат дисквалификувани од понатамошната постапка.

За денот, часот и местото на одржување на интервјуто кандидатите ќе бидат известени на електронската адреса и телефонскиот број наведени во пријавата.

За резултатите од постапката кандидатите ќе бидат известени по писмен пат.

Ненавремените, нецелосните и неуредните пријави нема да бидат разгледувани.

                                                   НУ „Камерен оркестар на Битола“ – Битола

                                                                             В.д. директор
                                                                          Љупчо Милевски

Категорија: