Врз основа на член 77-е и член 77-ж став (1) од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 265/24 и 132/25), член 12 став (2) точка 7 од Статутот на НУ „Камерен оркестар на Битола“ – Битола, бр. 01-61/1 од 31.05.2023 година, член 9 од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас и пријавата за вработување во зависност од категоријата и нивото на работното место за кое се објавува јавниот оглас во НУ „Камерен оркестар на Битола“ – Битола, бр. 02-3/5 од 26.01.2024 година, врз основа на Предлогот за избор на кандидат, арх. бр. 02-116/5 од 21.10.2026 година, доставен од Комисијата за постапка за селекција и вработување, в.д. директорот на НУ „Камерен оркестар на Битола“ – Битола ја донесе следната

ОДЛУКА
за избор на кандидат за вработување на неопределено време по Јавен оглас бр. 03/2026

По спроведената постапка за селекција на кандидати по Јавниот оглас бр. 03/2026, објавен на 17.08.2026 година во дневните весници „Нова Македонија“, „Слободен печат“ и „Коха“, за работното место „Билетопродавач“, шифра КУЛ 04 01 Б01 002, со предвиден еден извршител, во НУ „Камерен оркестар на Битола“ – Битола, СЕ ИЗБИРА кандидатот ИЛИЈА ДЕСПОТОСКИ за вработување на неопределено време.

Преземи ја одлуката ТУКА.

Категорија: