Националната установа Камерен оркестар на Битола – Битола  има потреба од вработување на три (3) лица за следните работни места:

1.Втора виолина тути (едно лицe) со шифра КУЛ 03 04 А06 002 категорија А- уметници ниво А06, на неопределено време.

Посебни услови:

  • степен и вид на образование: високо образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен или средно стручно,музичко училиште;
  • работно искуство: најмалку една годинa работно искуство во струката.

Основната нето плата за работното место изнесува 57.272,00 денари.

Согласно Годишниот план за 2026 година бр.03-79/1 од 21.08.2025 година, Известувањето од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства бр.19-2721/2 од 21.04.2026 година.

2.Тути гудач виола (едно лице) со шифра КУЛ 03 04 А06 002 категорија А- уметници ниво А06, на неопределено време.

Посебни услови:

  • степен и вид на образование: високо образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен или средно стручно,музичко училиште;
  • работно искуство: најмалку една годинa работно искуство во струката.

Основната нето плата за работното место изнесува 57.272,00 денари.

Согласно Годишниот план за 2026 година бр.03-79/1 од 21.08.2025 година, Известувањето од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства бр.19-2721/2 од 21.04.2026 година.

3. Водач на група гудачи – контрабас (едно лице) со шифра КУЛ 03 04 А03 014 категорија А- уметници ниво А03, на неопределено време.

Посебни услови:

  • степен и вид на образование: високо образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен или средно стручно,музичко училиште;
  • работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката.

Основната нето плата за работното место изнесува 74.125,00 денари.

Согласно Годишниот план за 2026 година бр.03-79/1 од 21.08.2025 година, Известувањето од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства бр.19-2721/2 од 21.04.2026 година.

Дневното и неделното работно време за огласените работни места се организира, согласно месечниот план за проби и концерти, а во рамките на 40 часовно неделно работно време.

Кандидатите за работните места треба да ги исполнуваат општите услови:

  • да е полнолетно лице;
  • да има општа здраствена способност за работното место (не постаро од шест месеци);
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност (не постаро од шест месеци) и
  • да е државјанин на Република Северна Македонија.

Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава со приложување на докази за исполнување на условите за работното место. Пријавата за вработување кандидатите можат да ja преземат од веб страната www.chamberorchestrabitola.com.

Пријавата кандидатите се должни да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Со пријавата треба да се достават потребните документи за исполнување на општите и посебните услови.

Кандидатите кон пријавата треба да приложат:

– кратка биографија;

– доказ за завршено образование (Диплома/Уверение за завршено соодветно образование);

– доказ за работно искуство во струката;

– уверение за државјанство;

– доказ дека не е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност ( не постара од 6 месеци) и

– доказ за општа здравствена способност за работното место ( не постара од 6 месеци).

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата доказите за исполнување на бараните услови во овој оглас, да ги достават во оригинал форма или копија заверена на нотар.

Пополнетите пријави заедно со прилозите, кандидатите да ги достават во канцеларијата на НУ Камерен оркестар на Битола – Битола, сместена во просториите на НУ Центар за култура – Битола, во период од 09:00 до 15:00 часот, или по пошта на адреса: Национална установа Камерен оркестар на Битола – Битола, ул. „Широк Сокак“ бб, 7000 Битола (со назнака „Јавен оглас број 01/2026“). Лице за контакт: Љупчо Милевски, тел. 078/283-806.

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 15 дена сметано од денот на објавувањето на огласот во дневните весници (не сметајќи го денот на објавување на огласот).

 Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Изборот на кандидати ќе се изврши во рок определен во член 23 став 2 од Законот за работни односи.

За работните места наведени во огласот, ќе се спроведе административна селекција и аудиција на пријавените кандидати од страна  на надлежната Комисија формирана за спроведување на постапката за вработување. Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на веродостојноста на доставените податоци и докази доставени по јавниот оглас.

За кандидатите кои успешно ја поминале постапката на проверка на веродостојноста на доставените докази, ќе се спроведе аудиција на која се проверуваат способностите на кандидатот, согласно Правилникот за аудиција и програмата за аудиција објавена на веб-страницата на установата.
За денот, часот и местото на одржување на аудицијата, кандидатите ќе бидат известени навремено, по електронски пат или на телефонскиот број кој ќе го наведат во пријавата за вработување.

Ненавремените, нецелосни и неуредно пополнети пријави, нема да се разгледуваат од страна на Комисијата за спроведување на постапка за вработување НУ „Камерен оркестар на Битола“ – Битола .                                   

НУ „Камерен оркестар на Битола“ – Битола
ВД Директор
Љупчо Милевски

Категорија: