НУ Камерен Оркестар Битола со задоволство ви ја најавува првата „Македонска Рок Симфонија“. На 28.04.2024 со почеток во 19:00 во спортската сала „Боро Чурлевски“-Битола, ќе пропатуваме низ времето на најдобрите македонски рок хитови на сите времиња.

Ќе имате можност да уживате во рок хитовите од добропознатите Конкорд, Архангел, Леб и сол, Лева Патика, Мемориа, Чоканче, Дани, Ариа и многу други во изведба на Дани Димитровска, Ружица Брчиоска (АРЕА), Јасна Димитровска, Ана Петановска и Сашо Паркет.

Придружете ни се на оваа вечер каде рок мелодиите ќе бидат претворени во едно неверојатно музичко доживување.

Categories:

Tags: