ОПШТИ ОДРЕДБИ

Аудицијата се спроведува за сите работни места согласно систематизацијата, преку единствена методологија и пропишана програма по инструментални групи.

Програмата се применува согласно конкретното работно место утврдено во јавниот оглас, при што Комисијата ги утврдува задолжителните делови од програмата за секоја позиција.

Оркестарските делници ги утврдува Комисијата и се доставуваат до кандидатите во рок утврден со Правилникот за начинот на полагање на аудиција во НУ „Камерен оркестар на Битола“ – Битола.

I. КОНЦЕРТ МАЈСТОР И ЗАМЕНИК КОНЦЕРТ МАЈСТОР

Кандидатите изведуваат:

  1. В.А. Моцарт:
    • Концерт бр. 3, 4 или 5 – I став со каденца
  2. Концерт по избор:
    • I став со каденца од еден од авторите:
      Бетовен, Брамс, Чајковски, Сибелиус, Лало, Сен-Санс, Глазунов, Дворжак, Шостакович, Барбер, Ф.Менделсон
  3. Ј.С. Бах:
    • два става (бавен и брз) или Чакона (само за концертмајстор)
  4. Оркестарски соло-делници (за концертмајсторска позиција)
  5. Prima vista

II. ГУДАЧКИ ИНСТРУМЕНТИ

1. ВОДАЧИ И ЗАМЕНИЦИ

Кандидатите виолинисти изведуваат:

  1. В.А. Моцарт:
    • Концерт бр. 3, 4 или 5 – I став со каденца
  2. Концерт по избор:
    • I став со каденца од еден од авторите:
      Бетовен, Брамс, Чајковски, Сибелиус, Лало, Сен-Санс, Глазунов, Дворжак, Шостакович, Барбер, Ф.Менделсон.
  3. Ј.С. Бах
    • Сонати или партити (2 става)
  4. Оркестарски делници
  5. Prima vista

Кандидатите виолисти изведуваат:

  1. Задолжителен концерт:
    1. I став со каденца од концертите Штамиц бр.1 во Де-дур или Ф.А.Хофмајстер во Де-дур
  2. Концерт по избор:
    1. I став со каденца од концертите В.Волтон, Б.Барток, А.Глазунов, С.Форсајт, B.Мартину
  3. Ј.С. Бах
    1. Сонати или партити (2 става)
  4. Оркестарски делници
  5. Prima vista

Кандидатите виолончелисти  изведуваат:

  1. Задолжителен концерт :
  2. I став со каденца од коцертите на Ј.Хајдн во Де-дур или Це-дур
  3. Концерт по избор:
  4. I став со каденца од концертите на А.Дворжак, Р.Шуман, Е.Лало или Е.Елгар
  5. Ј.С. Бах:
  6. Виолончело: свити за соло виолончело (2 става)
  7. Оркестарски делници  
  8. Prima vista

Кандидатите контрабасисти изведуваат:

1. Еден став со каденца од следните концерти:

  • Д. фон Дитерсдорф (Грубер каденца), Ф.А.Хофмајстер, Џ.Ботезини ха-мол или С.А.Кусевицки

2. Ј.С. Бах:

  • два става (бавен и брз) од било која свита за виолончело

3. Оркестарски делници 

4. Prima vista

2. ТУТИ ИНСТРУМЕНТИ

(I и II виолина, виола, виолончело, контрабас)

Кандидатите изведуваат:

  1. I Став од концерт со каденца:
  2. Ј.С. Бах  
  3. сонати или партити (2 става) – за виолини
  4. свити ( 2 става) – виола, виолончело и контарбас
  • Оркестарски делници
  • Prima vista

III. ДУВАЧКИ ИНСТРУМЕНТИ

Флејта / Обоа / Кларинет

Кандидатите флејтисти изведуваат:

  1. Задолжителен концерт:
  2. I став со каденца од следните концерти на Моцарт:
  3. G-dur
  4. D-dur

2.  Прв став со каденца од следните концерти:

  • К.Реинеке, Ж. Ибер, А. Хачатуријан, Б. Ромберг, M. Блаве, Карл Филип Емануел Бах со каденца од следните концерти

3. Оркестарски делници

4. Prima vista

Кандидатите обоисти изледуваат:

1. Прв став со каденца од следните концерти:

  • В. А. Моцарт C-dur
  • Ј. Хајдн

2. Прв став со концерт од следните концерти:

  • Р. Штраус
  • Б. Мартину

3. Оркестарски делници

4. Prima vista

Кандидатите кларинеристи изведуваат:

  1. Прв став со каденца од концертот на В. А. Моцарт A-dur
  2. Прв став и каденца од следните концерти:
  3. К. Дебиси: Премиерна рапсодија
  4. Ф. Пуланк: Соната
  5. Ж.Муке: Конкурсно соло
  6. Е. Кавалини: Серенада
  7. Оркестарски делници
  8. Prima vista

IV. ПИЈАНИСТ (ДРУГ УМЕТНИК – ПРВА ГРУПА)

Кандидатите изведуваат:

  1. Соло програма по сопствен избор
  2. Прима виста (prima vista)
  3. Оркестарска и/или задача за придружба (акомпанимент) (доколку е предвидена)

ЗАВРШНА ОДРЕДБА

Кандидатите имаат право по сопствен избор да настапат со пијанист или без пијанист при изведба на солистичкиот репертоар.

Обезбедувањето на пијанист е обврска на кандидатот.

Установата не обезбедува пијанист и не сноси трошоци за пијано придружба.

За оркестарските делници и prima vista задачите не се користи пијано придружба

Комисијата има право да побара целосна или делумна изведба на програмата, како и да го утврди редоследот на изведба согласно организациските потреби.

В.Д Директор

Љупчо Милевски

                                                                                                

Категорија: