Годишната програма на НУ Камерен Оркестар на Битола за 2025 година започна емотивно и величествено со концертот „Засекогаш во срцата“, кој се одржа на 5 април во Битола. Овој концерт беше седми по ред и беше посветен на Тоше Проески и настраданите во трагичниот настан во Кочани, во организација на Центар за култура, НУ Камерен Оркестар на Битола, Центарот за култура Битола и Здружението Мјузик АРТ (Битолски Камерен Оркестар IWConnect). Настанот беше во целост изведен од македонски уметници, што уште еднаш потврди дека Македонија има таленти со кои треба да се гордее.

Овој концерт, седми по ред, беше посветен на незаборавниот Тоше Проески и жртвите од трагичниот настан во Кочани. Иако првично закажан за 22 март, концертот беше одложен поради несреќата и доби хуманитарен карактер — дел од средствата беа наменети за семејствата на настраданите.

Настанот беше исполнет со длабоки емоции. Песните на Тоше и композициите од ДНК ја исполнија вечерта со љубов и сеќавања. На сцената настапија исклучиво македонски изведувачи: Андријана Јаневска, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Димитар Андоновски, Бојан Стојков, Горан Наумовски, Ана Петановска, Јасна Димитровска, Мина Блажев, Марија Митровска, Ангела Илијовска, поп-рок хорот БИТВОКС и тин-групата ПОПРОКЕТ под водство на Марина Коруновска. Организатор и диригент беше Владимир Димовски, кој со својата посветеност веќе години наназад ги обединува музичарите во чест на споменот и хуманоста.

Особено емотивен момент беше заедничката изведба на песната „За овој свет“ од оркестарот и децата од Заводот за рехабилитација „Кочо Рацин“, центарот „Порака“ и ОУ „Тодор Ангелевски“ од Битола. Изведбата ја пренесе пораката дека сите сме еднакви и важни, без разлика на различностите.

Концертот започна со едноминутен молк, во чест на сите настрадани. Во своето обраќање, Владимир Димовски истакна: „Со песната За овој свет сакаме да пренесеме порака дека на овој свет сите сме подеднакво исти.“

Следниот настан од годишната програма на НУ Камерен Оркестар на Битола е закажан за 14 април 2025 година во Офицерски Дом, каде ќе настапи младиот виолончелист Антонио Илиоски, ветувајќи уште една незаборавна музичка вечер.

Концертот „Засекогаш во срцата“ беше доказ дека музиката обединува, лечи и инспирира, и дека македонската сцена е богата со исклучителни уметници кои заслужуваат да бидат гордост на нацијата.

Categories:

Tags: