НУ Камерен Оркестар Битола со посебна гордост го најавува својот прв концерт оваа година како национална установа – „Барокна Фантазија“. Концертот ќе се одржи на 26 март 2024 година, со почеток во 20:00 часот, во прекрасниот амбиент на КИЦ Офицерски Дом во Битола.
„Барокна Фантазија“ е музичко патување кое ќе ги оживее најубавите моменти од барокниот период, спојувајќи ја историјата, културата и уметноста преку моќта на музиката. Присутните ќе имаат можност да уживаат во волшебната музика на барокот, која ќе одекнува низ просторот и ќе создаде незаборавна атмосфера.
Концертот ќе биде збогатен со соло изведби на првите вработени во оркестарот – Симон Поповски (виолина), Ангела Димковска (флејта) и Дејан Цветковски (виолончело), како специјален гостин, на концертот ќе настапи и сопранот Биљана Јосифов, чиј глас ќе внесе дополнителна магија во вечерта.
Влезот е слободен, а сите љубители на музиката се поканети да бидат дел од овој свечен почеток.
Ова е само почетокот на патувањето на НУ Камерен Оркестар Битола, кое ветува богатство на музички настани во годината што доаѓа.
Започнете го ова музичко патување со нас и дозволете ѝ на барокната музика да ја разбуди вашата фантазија!
За повеќе информации за настаните на НУ Камерен Орксетар на Битола, следете ги нашите профили на социјалните мрежи Facebook и Instagram.