Меѓународниот натпревар Пијанофест, натпревар што обединува повеќе од 100 млади пијанисти од 8 различни земји, повторно ја става Битола во центарот на светската мапа на класичната музика.
Отворањето на натпреварот ќе биде одбележано со свечен концерт во соработка со НУ Камерен оркестар на Битола, на кој како солист ќе настапи овогодинешниот лауреат – Златица Лазарева, под диригентска палка на Вангел Мажевски.
📅 Датум: 30 мај 2025
📍 Локација: Офицерски Дом, Битола
🕗 Почеток: 20:00 часот
Влезот е слободен!