На 20 јули 2026 година, во античкиот локалитет Хераклеја во Битола, НУ Камерен оркестар – Битола одржа концерт заедно со Миле Кузмановски, насловен „Ехо од Хераклеја“.

Во амбиентот на една од најзначајните културно-историски локации во градот, публиката имаше можност да проследи музичка вечер во која се споија препознатливиот вокален израз на Миле Кузмановски и богатата оркестарска звучност на Камерниот оркестар.

Специјално подготвените оркестарски аранжмани им дадоа нова димензија на изведените композиции, создавајќи единствен спој на традиционалниот музички израз и современата оркестарска интерпретација. Сцената на Хераклеја дополнително придонесе за впечатливата атмосфера и за силното доживување на концертот.

„Ехо од Хераклеја“ беше вечер исполнета со музика, емоции и спомени, во која уметниците и публиката се поврзаа преку песни што имаат посебно место во македонската музичка традиција.

Со реализацијата на овој концерт, НУ Камерен оркестар – Битола уште еднаш ја потврди својата отвореност кон различни музички жанрови и својата посветеност кон создавање квалитетни концертни проекти кои ја збогатуваат културната понуда на Битола.

Категорија: