По само неколку месеци од успешното гостување во Рим НУ Камерен Оркестар Битола најавува уште еден меѓународен проект, овој пат по повод одбележувањето на 33-годишнината од независноста на Република Македонија. Ќе одржи концерт насловен „Македонски евергрини и повеќе“ во срцето на културната сцена во Виена. Настанот ќе се одржи на 09 септември 2024 година, со почеток во 19:00 часот, во просториите на Црквата Св. Ана, ул. Annagasse 3B, 1010 Виена, Австрија.

 Ова ќе биде една незаборавна музичка вечер исполнета со безвременски македонски хитови претставени од извонредните музичари и гости: Ирена Крстеска, добро познато име во светот на оперската музика и дел од Штац опера во Виена, Агни Авшар, позната по своите енергични настапи и џез-поп изведби и незаменливиот Ристо Самарџиев.

Публиката ќе има можност да ужива во македонските евергрини во центарот на музичкиот свет. За повеќе информации за настаните на НУ Камерен Орксетар на Битола, следете ги нашите профили на социјалните мрежи Facebook и Instagram.

Categories:

Tags: