Камерен Оркестар Битола со гордост најавува дека и оваа година ќе биде дел од Strumica Open Festival, настапувајќи по шести пат на овој престижен настан. На 17 август 2024 година, публиката ќе има можност да ужива во „Македонска Рок Симфонија“
Оваа вечер ќе биде исполнета со енергија и емоции благодарение на настапите на врвните изведувачи: Дани Димитровска, Ружица (Ареа), Ана Петановска и Сашо Паркет.
„Македонска Рок Симфонија“ е проект кој ги спојува рок енергијата и симфониската величественост, носејќи незаборавно музичко доживување за сите генерации.
Strumica Open Festival и оваа година ветува спектакуларна атмосфера и уникатно музичко искуство, а Камерен Оркестар Битола е подготвен да ја понесе публиката на едно незаборавно рок патување.
Не ја пропуштајте оваа незаборавна вечер под отворено небо!
17 август 2024 година – Strumica Open Festival.
За повеќе информации за настаните на НУ Камерен Орксетар на Битола, следете ги нашите профили на социјалните мрежи Facebook и Instagram.