НУ Камерен Оркестар Битола со задоволство го најавува претстојниот концерт насловен „Градот на клавирите“, кој ќе се одржи на 12 декември 2024 година, со почеток во 20:00 часот, во прекрасниот амбиент на Офицерскиот Дом во Битола.

Оваа музичка вечер ќе ја одбележат настапите на врвните пијанистки Марија Вршкова и Татјана Божиновска. Концертот ќе се одржи под диригентската палка на Бисера Чадловска.

На програмата ќе бидат изведени дела од големите мајстори на класичната музика –
Франц Шуберт и Леополд Кожелух, носејќи ја публиката на музичко патување низ епохите на романтизмот и класиката.

Влезот е слободен, а сите љубители на музиката се добредојдени да уживаат во овој незаборавен концерт.

Дојдете и доживејте ја магијата на клавирот во „Градот на клавирите“!

За повеќе информации за настаните на НУ Камерен Орксетар на Битола, следете ги нашите профили на социјалните мрежи Facebook и Instagram.

Categories:

Tags: