По незаборавните настапи во Битола и Струмица, Камерен Оркестар Битола продолжува со својот спектакуларен проект „Македонска Рок Симфонија“, овој пат во Берово!
На 24 август 2024 година, со почеток во 20:00 часот, Градскиот плоштад во Берово ќе биде исполнет со звуците на најдобрите македонски рок хитови.
На оваа вечер исполнета со емоции и енергија, ќе настапат врвни музички ѕвезди: Ружица (АРЕА), Дани Димитровска, Наде Талевска, Јасна Димитровска и Сашо Паркет. Сите тие ќе настапат придружени од Камерен Оркестар Битола, создавајќи уникатно музичко доживување кое ги спојува рок емоциите со симфониската величественост.
„Македонска Рок Симфонија“ е проект кој ги оживува легендарните македонски рок хитови на сосема нов начин, кој ќе ја воодушеви публиката од сите генерации.
Не ја пропуштајте оваа незаборавна вечер под отворено небо во Берово!
24 август 2024 – Градски плоштад Берово, 20:00 часот
Се гледаме во Берово!
За повеќе информации за настаните на НУ Камерен Орксетар на Битола, следете ги нашите профили на социјалните мрежи Facebook и Instagram.