30 мај 2024 | Плоштад Гевгелија | Почеток: 20:00 часот

Подгответе се за вечер исполнета со емоции, енергија и безвременски македонски рок хитови! Камерниот Оркестар на Битола со гордост Ви ја претставува „Македонска Рок Симфонија“, спектакуларен музички настан кој ќе ја раздрма сцената на плоштадот во Гевгелија.

Ексклузивно за Вас, на 30 мај со почеток во 20:00 часот, ќе настапат едни од најмоќните вокали на македонската музичка сцена: Ружица (АРЕА), Дани Димитровска, Наде Талевска, Јасна Димитровска и Сашо Паркет

Во придружба на врвните музичари од Камерниот Оркестар на Битола, ќе ги доживеете најдобрите македонски рок хитови во сосема ново симфониско патување.

Не ја пропуштајте оваа уникатна можност за музичко уживање под ѕвездите!

Ве очекуваме!

За повеќе информации за настаните на НУ Камерен Орксетар на Битола, следете ги нашите профили на социјалните мрежи Facebook и Instagram.

Categories:

Tags: