НУ Камерен Оркестар Битола со задоволство најавува дека на 13 мај 2024 година, ќе гостува во Врање, Република Србија, каде ќе настапи на свеченото отворање на традиционалната манифестација „Мај месец музике“. Концертот ќе се одржи во театарот Бора Станковиќ, со почеток во 20:00 часот.
„Мај месец музике“ е престижна културна манифестација посветена на класичната музика, која привлекува љубители на музиката од целиот регион. Оваа година, програмата вклучува 12 концерти, а НУ Камерен Оркестар Битола со гордост ќе настапи на првиот ден, односно на свеченото отворање на манифестацијата.
Влезот е бесплатен за сите посетители, а организаторите ги покануваат љубителите на музиката да уживаат во уникатната вечер исполнета со богата класична музика и незаборавни изведби.
Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од оваа музичка магија во Врање!
За повеќе информации за настаните на НУ Камерен Орксетар на Битола, следете ги нашите профили на социјалните мрежи Facebook и Instagram.