Во свечената сала на Офицерскиот дом во Битола, на 14.04.2025 се одржа вториот концерт од годишната програмана НУ Камерен Оркестар на Битола. Под диригентскатапалка на Владимир Димовски, оркестарот уште еднашдокажа зошто со години е еден од водечките оркестри воземјата. Вечерта беше збогатена со настапот наисклучителниот виолончелист Антонио Илиоски, кој сосвојата интерпретација на Концертот за виолончело одЕлгар ги воодушеви присутните.
Концертот започна со „Серенада за гудачи“ од Едвард Елгар– дело со благородна меланхолија и британска елеганција, каде оркестарот прецизно ја пренесе суптилната динамика и топлина на композицијата. Следеше Концертот за виолончело од истиот композитор – едно од најемотивнитедела во литературата за виолончело, полно со длабочина, лична рефлексија и драматичен контраст, маестралноизведено од младиот Антонио Илиоски со зрелост шторетко се среќава.
Во вториот дел од концертот беа изведени извадоци одлегендарната музика за сценската драма „Пер Гинт“ одЕдвард Григ. Публиката уживаше во емотивната „Песна наСолвејот“, трагичната „Смртта на Аса“, разиграната„Танцот на Анитра“, како и во познатата и енергична „Вопештерата на планинскиот цар“, која ја заокружи вечерта содраматичен кулминациски ефект.
Под диригентската палка на Владимир Димовски, оркестарот уште еднаш покажа уметничка зрелост, прецизност и емоционална длабочина. Димовски, кој е и еден од основоположниците на современиот облик наоркестарот, повторно го водеше оркестарот со инспирацијаи музичка визија. Додека пак, младиот Антонио Илиоски веќе познат на македонската музичка сцена, уште еднашпотврди дека е едно од најсветлите имиња на македонскатакласична музика. За настапот, Илиоски изјави: „Како солист на Концертот за виолончело од Елгар со камерен оркестар, чувствував огромна одговорност да ја пренесам емоцијатаи длабочината на ова магично дело. Од првиот такт, музиката ме потонува во богатите контрасти помеѓуинтимните моменти и лавина на емоции кои ги изразувасекоја нота. Во соработката со оркестарот, се создадебезвременска врска, каде што секој такт носеше новозначење и ги исполни срцето и душата. Целото искуствобеше како патување низ најфини и најинтензивни делови одчовечката природа, нешто што е невозможно да се опише, туку само да се почувствува.“
Овој концерт е втор од годишната програма на оркестарот, која продолжува со уште два концерти во текот на месец мај.

Следуваат уште многу вечерни концерти со музика и емоција, кои НУ Камерен Оркестар на Битола со љубов гисподелува со својата публика.

Categories:

Tags: