Сите кандидати за вработување се пријавуваат преку пополнување на пријавата која може да се преземи на следниот линк: Пријава. Пријавата кандидатите се должни да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Со пријавата треба да се достават потребните документи за исполнување на општите и посебните услови.
Кандидатите кон пријавата треба да приложат:
- кратка биографија
- доказ за завршено образование
- доказ за работно искуство во струката
- уверение за државјанство
- доказ дека не е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност (не постара од 6 месеци) и
- доказ за општа здравствена способност за работното место (не постара од 6 месеци).
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата, доказите за исполнување на бараните услови во овој оглас, да ги достават во оригинал форма или копија заверена на нотар.
Пополнетите пријави заедно со потребните документи, кандидатите да ги достават во НУ Камерен оркестар на Битола – Битола (во просториите на НУ Центар за култура – Битола, кај лицето Билјана Димовска) од 09:00 до 15:00 часот или по пошта на адреса: Национална установа на Камерен оркестар на Битола – Битола, ул. Широк Сокак, бб. 7000 Битола (со назнака јавен оглас број 01/2024), лице за контакт Владимир Димовски, 076/248-802.
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 15 дена сметано од денот на објавувањето на огласот во дневните весници. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.