Врз основа на член 77-а став 2, член 77-б, член 77-в став 1, член 77-г, член 77-д од Законот за култура („Службен весник на Република Македонија“ бр.31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.265/24 и 132/25), член 22 и член 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/2010, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25, 74/25 и 124/25), одредбите од Правилникот за задолжителни елементи на јавниот оглас за пополнување на работното место во јавниот сектор, преку вработување и пријавата за вработување, како и формата и содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.34/15), одредбите од Правилник за формата и содржината на јавниот оглас и пријавата за вработување во зависност од категоријата и нивото на работното место за кое се објавува оглас во Националната установа Камерен оркестар на Битола – Битола бр.02-3/5 од 26.01.2024 година, одредбите од Правилникот за полагање на аудиција во Националната установа Камерен оркестар на Битола – Битола бр.02-49/4 од 28.04.2026 година, Одлука за објавување на јавен оглас за вработување бр.2/2026, арх.бр. 04-84/1 од 28.07.2026 година, како и согласно Годишниот план за вработување во Националната установа Камерен оркестар на Битола – Битола за 2026 година и одредбите од Колективниот договор за културата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 10/2020 и 21/2020) и Известувањето од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства бр.19-5335/2 од 16.07.2026 година, НУ „Камерен оркестар на Битола“ Битола, објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

За вработување

Бр.02/2026

Националната установа Камерен оркестар на Битола – Битола има потреба од вработување на едно (1) лице за следното работно место:

1. Заменик водач на група на гудачки инструменти – втора виолина

(1 извршител) со шифра КУЛ 03 04 А04 013, категорија А – уметнички, ниво А04, на неопределено време.

Посебни услови:

  • степен и вид на образование: високо образование од најмалку 240 ЕКТС кредити или завршен VII/1 степен, или средно стручно музичко училиште;
  • работно искуство: најмалку две години работно искуство во струката.

Основната нето плата за работното место изнесува 68.077,00 денари.

Работното место е предвидено во Годишниот план за вработување за 2026 година и за него се обезбедени финансиски средства.

Дневното и неделното работно време за огласеното работно место се организира согласно месечниот план за проби и концерти, а во рамките на 40-часовно неделно работно време.

Кандидатот за работното место треба да ги исполнува општите услови:

  • да е полнолетно лице;
  • да има општа здравствена способност за работното место, со доказ не постар од шест месеци;
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, со доказ не постар од шест месеци;
  • да е државјанин на Република Северна Македонија.

Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава со приложување на докази за исполнување на условите за работното место. Пријавата за вработување кандидатите можат да ја преземат од веб-страницата www.chamberorchestrabitola.com.

Пријавата кандидатите се должни да ја пополнат прецизно и со точни податоци. Со пријавата треба да се достават потребните документи за исполнување на општите и посебните услови.

Кандидатите кон пријавата треба да приложат:

  • кратка биографија;
  • доказ за завршено образование – диплома/уверение за завршено соодветно образование;
  • доказ за работно искуство во струката;
  • уверение за државјанство;
  • доказ дека не е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, не постар од 6 месеци;
  • доказ за општа здравствена способност за работното место, не постар од 6 месеци.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите се должни кон пријавата да ги приложат доказите за исполнување на бараните услови наведени во овој оглас, во оригинал или копија заверена на нотар.

Пополнетите пријави, заедно со прилозите, кандидатите да ги достават во канцеларијата на НУ Камерен оркестар на Битола – Битола, сместена во просториите на НУ Центар за култура – Битола, во период од 09:00 до 15:00 часот, или по пошта на адреса: Национална установа Камерен оркестар на Битола – Битола, ул. „Широк Сокак“ 66, 7000 Битола, со назнака „Јавен оглас број 02/2026“.

Лице за контакт: Љупчо Милевски, тел. 078/283-806.

Рокот за доставување на пријавата и потребните документи изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневните весници, не сметајќи го денот на објавување на огласот.

Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Изборот на кандидат ќе се изврши во рок определен во член 23 став 2 од Законот за работни односи.

За работното место наведено во огласот ќе се спроведе административна селекција и аудиција на пријавените кандидати од страна на надлежната Комисија формирана за спроведување на постапката за вработување. Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на веродостојноста на доставените податоци и докази доставени по јавниот оглас.

За кандидатите кои успешно ја поминале постапката на проверка на веродостојноста на доставените докази, ќе се спроведе аудиција на која ќе се проверуваат способностите на кандидатот, согласно Правилникот за аудиција и програмата за аудиција објавена на веб-страницата на установата.

За денот, часот и местото на одржување на аудицијата, кандидатите ќе бидат известени навремено, по електронски пат или на телефонскиот број кој ќе го наведат во пријавата за вработување.

Ненавремените, нецелосните и неуредно пополнетите пријави нема да се разгледуваат од страна на Комисијата за спроведување на постапката за вработување НУ „Камерен оркестар на Битола“ – Битола.

НУ „Камерен оркестар на Битола“ – Битола
В.Д. директор
Љупчо Милевски

Категорија: