НУ Камерен Оркестар на Битола го најавува својот шести концерт за сезоната 2025, Концерт со двајца солисти.
Публиката ќе има можност да чуе дела од В.А. Моцарт, Џ. Верди, Џ. Пучини и Е. Шосон во изведба на сопранот Билјана Талевска, а на виолина ќе настапи Валентин Наумов. Специјален гостин на вечерта ќе биде баритонот Кристијан Антовски, кој со својот топол и драматичен глас ќе внесе дополнителна димензија на програмата.
Концертот е под диригентска палка на Владимир Димовски. Програма:
В.А.Моцарт – La ci darem la mano (дует од операта “Дон Џовани”)
Билјана Талевска и Кристијан Антовски
Џ. Пучини – Si mi chiama Mimi (арија на Мими од операта “Боеми”)
Билјана Талевска
Џ. Пучини – арија на Музета од операта “Боеми”
Билјана Талевска
Џ. Пучини – Donde lieta usci Al tuo grido d’amore (арија на Мими од операта “Боеми”)
Билјана Талевска
Е. Шосон – Поема за виолина и оркестар
Валентин Наумов
Џ. Пучини “O mio babbino caro” (арија од операта “Џани Скики”)
Билјана Талевска
Џ. Верди – дует на Риголето и Џилда од операта “Риголето”
Билјана Талевска и Кристијан Антовски
12.06.2025 | 20:00 часот | Офицерски Дом Битола
Влез слободен